Вработувањата по етнички клуч привремено се стопираат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Уставниот суд вчера донесе времена мерка за одредби од законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор што се однесуваат на етничката припадност, односно одредби од акти кои беа оспорени од страна на Државната комисија за спречување на корупција. До носење на конечна одлука од страна на Уставниот суд овие одредби нема да се применуваат.

„Судот ги оцени наводите на Комисијата како основани, но и ги прошири сомнежите за неуставноста и незаконитост и за други одредби и по сопствена иницијатива поведе постапка за одредби од истите закони но и за подзаконски акти кои произлегуваат од нив“, рече Беловска.

Во оваа фаза Уставниот суд, како што истакна портпаролката, изразува сомнеж дека се загрозуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот кои се признати во меѓународното право и утврдени во нашиот Устав, слободното изразување на националната припадност, соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, кои се темелни вредности на кои почива нашиот уставно-правен поредок.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
clear sky
9.3 ° C
9.3 °
9.3 °
83 %
1kmh
3 %
Mon
8 °
Tue
10 °
Wed
10 °
Thu
11 °
Fri
11 °

Поврзани написи