Еден од четири жители од Западен Балкан живее во странство, миграцијата може да се искористи за економски раст

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


„Речиси еден од четири жители од Западен Балкан живее во странство, и затоа подоброто управување со глобалната работна сила во Западен Балкан би можело да биде клучен двигател на економскиот раст во регионот. Иако отселувањето може да доведе до други предизвици, како што е недостигот на работна сила, постојат и јасни можности за искористување на миграцијата за добивање на економски придобивки.“, се вели во Редовниот економски извештај на Светска банка за Западен Балкан.

Според извештајот, со ефикасно управување, миграцијата може да помогне во ублажување на сиромаштијата, стимулирање на извозот и привлекување на инвестиции, што во крајна линија ќе доведе до отворање на работни места и пренос на знаења. На пример, дознаките може да ги подобрат финансиските ресурси на мигрантските домаќинства. Исто така, враќањето на обучените мигранти може да доведе до „прилив на мозоци“ во нивните домашни земји, додека привлечноста на повисоките плати во странство може да го мотивира образованието и подобрувањето на вештините кај оние што ќе останат.

За да се максимизираат придобивките од миграцијата, во извештајот се препорачува повеќе мерки за Западен Балкан, како развивање програми за обука за вештини и мобилност во партнерство со одредишните земји и проширување на билатералните договори за социјално осигурување.

Во извештајот се препорачува и подобрување на заштитата на мигрантите низ нивниот пат на миграција заради ублажување на ризиците со кои може да се соочат и заради поттикнување на враќањето, олеснување на преносот на капитал, стручност и најсовремени технологии од членовите на дијаспората, како и користење на дигитални алатки и подобрување на прибирањето податоци за ефективно управување и креирање политики за миграциите.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи