УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Управата за јавни приходи излезе со известување за корисниците на МојДДВ врзано со ажурирање на податоците.

Ажурирање треба да направат само оние корисници кои во изминатиот период направиле промена на својата банка или трансакциска сметка, потенцираат од УЈП.

Според евиденцијата на Управата, 5.487 лица немаат точни податоци за своите трансакциски сметки и мора да ги ажурираат своите податоци за да ја добијат исплатата.

„Корисниците на МојДДВ кои не правеле промени на банка и имаат точни податоци не треба да менуваат или ажурираат ништо! Вашите податоци се точни и исплатата се  реализирана автоматски. Исплатата на повратот на МојДДВ за третиот квартал 2024 година е при крај. Законскиот рок за исплата е  30.11.2024 година.“, соопшти Управата.

По завршувањето на редовната исплата за третиот квартал, УЈП најави дека ќе започне со исплатата и за корисниците кои имале неажурирани податоци во претходните квартали.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
clear sky
9.7 ° C
9.7 °
9.7 °
87 %
0.2kmh
0 %
Fri
10 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи