Свеченост во чест на Свети Климент во техничкото училиште во Гостивар – Gostivarpress.mk

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во пресрет на 8 декември, празникот посветен на Свети Климент Охридски во средното техничко  училиште во Гостивар, претпладнево се одржа пригодно свечено чествување.

Манифестацијата која Активот по македонски јазик на училиштето ја организира традиционално секоја година, беше исполнета со реферат за животот и делото на Свети Климент, поетски творби во негова чест, драмска изведба и музичко-сценски настапи.

„Свети Климент од млади години ги придружувал Светите браќа Кирил и Методиј и учествувал во повеќето нивни просветителски мисии. Се истакнал со неуморен труд и залагања за ширење на словенската писменост и култура и во никој случај не подлегнал под притисоците на тријазичниците. Периодот на свети Климент Охридски се нарекува златен век на словенската култура и писменост. Во 893 година свети Климент станал првиот словенски македонски епископ, но тој е автор на биографиите на своите учители, проучен проповедник, музичар, агроном, лекар… Вистински македонски сенароден пастир“, беше речено меѓу другото во рефератот.

industrisko sv kliment 2024 2

На настанот од страна на училиштето беа доделени благодарници на поддржувачи и соработници.

dsc 8458

Свеченоста ја проследија ученици, просветниот кадар, родители, преставници на институции и други гости.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
12.9 ° C
12.9 °
12.9 °
75 %
0.1kmh
76 %
Sat
13 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
9 °

Поврзани написи

Жоржињо паднал на допинг тестот?

Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо (34) наводно бил позитивен...

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...