Се замрзнуваат платите на функционерите, почнува исплата на К15 за вработените во администрацијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Владата денеска на седница донесе неколку одлуки меѓу кои дека нема да растат платите на избраните и именуваните лица, судиите, членовите на Судскиот совет и јавните обвинители.

Платите на овие лица ќе бидат замрзнати преку интервенција на коефициентите за пресметка на плати.

За таа цел задолжени се Министерство за економија и труд и Министерство за правда да достават измени и дополнувања на законите со што ќе се изврши намалување на утврдените коефициенти за пресметка на платите.

  • Актуелните законски решенија предвидуваат пораст на платите на избраните и именуваните лица, но Владата со цел да го заштити јавниот интерес и да нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот донесе одлука со која ќе се направи измена и дополнување на законите каде нема да се загрози и влоши состојбата на избраните и именувани лица. Односно ветивме дека едно е сигурно и тоа го исполнуваме зголемување на платите на избраните и именуваните лица нема да има. Со ова замрзнување го намалуваме тој процент од година во година, се со цел да дојдеме до процент еднаков на нула, објави портпаролката на Владата, Марија Митева.

На денешната владина седница донесена е и одлука да почне исплатата на К15 за сите вработени во администрацијата за што се обезбедени околу една милијарда денари во билансот на буџетот.

Донесена е и одлука со која им се препорачува на сите органи на државната управа да не вршат исплата на 13-та плата со цел да не се предизвикаат дополнителни фискални импликации врз Буџетот.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
16.9 ° C
16.9 °
16.9 °
56 %
0.1kmh
59 %
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
14 °
Wed
15 °

Поврзани написи

Жоржињо паднал на допинг тестот?

Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо (34) наводно бил позитивен...

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...