Дрогата сериозен проблем меѓу младите-Трибина во Гостивар за превенција од наркотици

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Како да се препознае кога еден млад човек користи наркотични супстанци, кои се последиците и опасностите од дрогата, на кој начин може да се пружи поддршка и да се превенира ваквата негативна појава кај младата популација.

Ова беа темите на кои се дискутираше на денешната трибина, што гостиварската локална самоуправа ја организираше во Гостивар под наслов „Злоупотреба на наркотични средства во средните училишта“.

„Сметаме дека е важно да се зборува на овие теми, со цел младите да бидат поинформирани за опасноста од користење на наркотични супстанци и штетите по нивното здравје и живот, како и за превенцијата. На трибината учествуваат стручни лица, професори, психолог и социјален работник кои ги искажуваат своите професионални мислења и совети, како и ученици од средните училишта од Гостивар.“, рече Афрдита Лутвиу од Општина Гостивар.

Говорниците на трибината истакнаа дека користењето на дрога од страна на младите е глобален проблем за чие надминување треба да се ангажираат сите чинители: училиштата, педагозите и психолозите и другите релевантни институции.

Беше потенцирано дека злоупотребата на наркотици не е проблем само на младиот човек кој тоа го прави, туку и на семејството, заедницата и општеството. Од таму, се апелираше доколку се забележи дека некој средношколец користи дрога да се известат институциите за да може заеднички да дејствуваат во помош и поддршка.

Истражувањата покажуваат дека главниот фактор зошто младите посегнуваат по дрога е љубопитноста, додека на второ место се некои незадоволства и разочарувања од сопствениот живот.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
12.9 ° C
12.9 °
12.9 °
84 %
1.8kmh
100 %
Mon
12 °
Tue
10 °
Wed
10 °
Thu
13 °
Fri
12 °

Поврзани написи