САД ќе признава само два пола – машки и женски – Gostivarpress.mk

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари, најави серија мерки. Говорејќи пред поддржувачи во Феникс, Аризона, тој изјави дека веднаш по инаугурацијата ќе потпише укази со кои ќе се забрани присуството на транссексуалци во војската и училиштата и ќе се ограничи пристапот до медицински процедури за промена на пол кај малолетници.

Трамп нагласи дека официјалната политика на САД ќе биде признавање на само два пола – машки и женски. Оваа тема предизвикува длабоки поделби во американското општество, особено во поглед на трансродовите права и нивниот пристап до спортови и јавни установи.

Покрај тоа, Трамп најави дека ќе започне најголемата операција за депортација на нелегални мигранти во историјата на САД. Тој исто така вети крај на војната во Украина, запирање на хаосот на Блискиот Исток и спречување на Трета светска војна, но не даде детали за начинот на кој планира да ги реализира овие цели.

“20 јануари ќе биде ден за ослободување на Америка”, порача Трамп на собирот.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
83 %
0.2kmh
100 %
Sat
12 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
9 °

Поврзани написи