Соопштение СВР Тетово 14 март 2024
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (13 март) околу 14 часот и 30 минути на улица „Илинденска“ во Тетово го привеле 25-годишниот Р.Л. од Република Албанија, кој со забрана за влез во нашата земја, непријавено престојувал на подрачјето. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.


Вчера (13 март) околу 7 часот и 30 минути во месноста „Шипковачка кривина“, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле 35-годишната М.П. и 37-годишната А.К, двете од Скопје затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување. Двете се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.











