dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас – Реален Медиум за Реални Луѓе – Македонски Медиа Сервис

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Со почетокот на новата година, сите ние добиваме шанса да започнеме нешто ново. Ова е време кога размислуваме за нашите цели, соништа и желби, но и за тоа како можеме да ги прифатиме нашите уникатности. Новата кампања на dm доаѓа во вистинско време. Самиот почеток на 2025 година dm го одбележува со нова тема на комуникација: Прифаќање на различноста и славење на автентичноста и индивидуалноста на секоја личност. Едноставно кажано –  да го разбудиме своето #скрозјас. 

Оваа уникатна иницијатива одекнува во 12 европски земји во кои dm е присутен и опфаќа различни кампањи кои тематски ќе покријат повеќе аспекти, за на позитивен начин да ги поттикнат луѓето на самоостварување и себеприфаќање.

skroz jas 1 dm

#скрозјас настан

Преку посебен настан, пред голем број гости од општествениот и јавниот живот,  компанијата dm дрогерие маркт  на 16 јануари ја претстави својата нова корпоративна кампања #скрозјас што ја носи пораката за важноста на прифаќањето себеси, вклучувајќи ги сите свои особини, но и несовршености.

skroz jas 7 dm

Настанот се одржа во уникатниот амбиент на кафе-книжарницата „Литература“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“, каде гостите беа дел од инспиративна вечер исполнета со креативност, емоции и пораки за автентичност и прифаќање.

skroz jas 2 dm

Вечерта ја отвори познатото телевизиско лице Јована Стојменовиќ како модератор на настанот, која преку инспиративни пораки и сопствени искуства ја истакна важноста на личната автентичност.

skroz jas 9 dm

„Секој од нас е совршен токму во својата несовршеност. Оваа вечер сме тука за да ја славиме автентичноста, да се инспирираме и прифатиме својата уникатност. Време е секој од нас да го истакне своето #скрозјас“ – рече Стојменовиќ на почетокот на настанот.

skroz jas 4 dm

Главниот момент беше интерактивниот перформанс во кој учествуваа три дами од публиката – младата пијанистка Ема Ананиевска, како и музичките ѕвезди Тијана Дапчевиќ и Дина Јашари. Нивните музички изведби беа силна и емотивна илустрација на тоа што значи да се биде #скрозјас. Преку моќта на музиката, тие покажаа колку е важно да се следи она што сме по природа, а не она што светот ни го наметнува. Дополнително, имаше и креативни активности за подиректно вклучување на гостите во кампањата, кои пополнија „Скроз јас“ книги со лични содржини и оставија мотивирачки аудио пораки преку „Скроз јас“ телефонот.

skroz jas 3 dm

На гостите на настанот им се обрати и Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm Македонија која ги објасни причините зошто компанијата одлучила да почне ваков вид кампања.

skroz jas 8 dm

,,Целта на кампањата е да поттикне луѓето да се прифатат себеси, да се гордеат со својата индивидуалност и да се ослободат од стереотипите и очекувањата на кои сме често изложени, а кои можат да ни наметнат чувство како да мораме да се прилагодиме.  Кампањата #скрозјас се темели на идејата дека секоја личност има право да биде своја и да се гордее со својата единственост и да се изразува без страв од осуда. Ние веруваме дека вистинската убавина лежи токму во различностите“  – рече Дуранска.

Премиерно емитување на рекламниот спот #скрозјас

Присутните имаа можност премиерно да го погледнат промотивниот спот за кампањата, кој зрачи со сé она што се сите луѓе – автентичност и уникатност. Овој спот е создаден со цел да ја пренесе пораката на dm на емоционален и инспиративен начин, поттикнувајќи секого од нас да размисли за својата автентичност. Од dm велат дека процесот на креирање на спотот започнал со детално истражување и анализирање на потребите, желбите и вредностите на купувачите за да разберат што им е важно и како можат да се поврзат со темата на автентичноста.

Во спотот ќе видите вистински луѓе, нивните искуства и предизвици. Овие приказни ја прикажуваат убавината на автентичноста и покажуваат дека секој од нас има своја уникатна приказна која вреди да се слушне.

Светлосна проекција на #скрозјас порака на две локации

Настанот го збогати изненадувањето на вечерта – светлосна проекција на #скрозјас порака на две локации, фасадите на зградата на Министерството за спорт и „Сити галери“ на плоштадот „Македонија“, што симболично го означи почетокот на кампањата. Присутните, но и други минувачи, имаа шанса да ја прочитаат #скрозјас пораката: Во новата година сум #скрозјас!

Сѐ она што нѐ прави посебни

Од своето доаѓање на пазарот, dm e познат под својот слоган ,,Тука сум човек, тука купувам“.  Иницијативата #скрозјас ја нагласува визијата на dm – тие ги пречекуваат сите луѓе со отворени раце и ја ценат разноликоста што секоја поединечна личност ја носи. Во dm не сте само купувач, вработен или соработник. Тука ве ценат како човек, целина, уникатна личност и ве поттикнуваат да ја изразите индивидуалноста на свој начин.

dm нѐ повикува да се придружиме на нивната мисија и заедно да градиме заедница која слави разновидност. Тие нѐ охрабруваат да ги споделиме своите приказни и искуства користејќи го хаштагот #скрозјас и со нашите приказни да ја збогатиме не само оваа кампања, туку и целата заедница. Само заедно, можеме да создадеме простор каде што секој може да се чувствува прифатено и вреднувано.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
16.9 ° C
16.9 °
16.9 °
56 %
0.1kmh
59 %
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
14 °
Wed
15 °

Поврзани написи

Жоржињо паднал на допинг тестот?

Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо (34) наводно бил позитивен...

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...