Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд би можел да го пропушти дербито на Мерсисајд со Евертон следната недела, објавија медиумите на Островот. Англискиот репрезентативец синоќа не играше ниту во победата од 4-0 над Тотенхем во полуфиналето на Лига купот поради проблем со бедрото што го заработи на мечот од Премиер лигата против Борнмаут во саботата (2-0).

– Тешко е да се каже дали ќе биде подготвен. Нема да поминат месеци, нема да поминат недели, но тоа е само три дена по натпреварот со Плимут, па ќе видиме дали е подготвен. Не сакаме да ризикуваме бидејќи има уште многу натпревари. Но, ако е здрав, ќе го искористиме, изјави менаџерот на „црвените“, Арне Слот, кој планира да направи неколку промени во својот тим за натпреварот од ФА Купот. 

Тимот досега оваа сезона требаше да се справи со повреди на Александар-Арнолд, Диого Жота, Алисон Бекер, Ибрахима Конате, Федерико Киеза и Џо Гомез, продолжувајќи да игра на четири фронта.

Слот има похолистички пристап кон играчите и им дава повеќе паузи дури и со зафатениот распоред на тимот. Минатата сезона беа во слична позиција под водство на Јирген Клоп, но по освојувањето на Лига купот имаа лош период во март и април.

– Не можам да споредам со тоа што беше, но дефинитивно на играчите гледам како на луѓе. Ако сакате да продолжите напред во толку долга сезона, тогаш во одредени моменти играчите мора да бидат дома како татковци и сопрузи. Ако сте професионален фудбалер 15, 16, 17 години и имате само три недели летен одмор, тогаш не сте човек, додаде Слот.





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
12.3 ° C
12.3 °
12.3 °
74 %
1.6kmh
74 %
Mon
12 °
Tue
10 °
Wed
10 °
Thu
13 °
Fri
12 °

Поврзани написи