Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи објави дека Граѓанскиот суд Скопје донел правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и актуелна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против него. 

– Уште една потврда дека на лагата ѝ се кратки нозете. Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против мене. Судот ѝ наложи не само да ми се извини, туку и да ја објави пресудата во медиумите, затоа што вистината мора да излезе на виделина, пишува Мицкоски во објавата на Фејсбук.

Со оваа пресуда, како што наведува, се потврдува дека СДСМ не само што лажат, туку и не се промениле.

– Продолжуваат да го потценуваат народот, верувајќи дека со клевети и манипулации ќе фрлат дамка врз мојата работа, и дека народот ќе се разочара. Но нашиот народ е мудар. Има искуство со политичари како овие од СДСМ, чии кариери се изградени врз измами, несовесност и недостиг на одговорност. Ова не е моја лична битка, ова е битка за принципи, за вистината, за достоинството на секој поединец кој не дозволува неказнето да му се лепат лаги. Продолжуваме посветено, чесно и со крената глава. Лагите ќе паднат. Вистината победува, стои во објавата на Фејсбук. 





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Ново судење...

Бенјамин Шешко ќе отсуствува до крајот на годината

Манчестер Јунајтед, по синоќешниот дебакл во Комо, пораз...