ИПР со регионално решение за кучињата скитници

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Регионален пристап за решавање на едно од најгорливите прашања воопштините од Истокот, проблемот со кучињата скитници. Советот на источно планскиот регион донесе одлука за изградба на стационар. За оваа намена првично ќе бидат обезбедени 100.000 евра од буџетите на општините, а подоцна ќе се донираат и дополнителни средства. Во моментот се работи на изнаоѓање на локација каде ќе биде сместен стационарот.

– Имаше понудено од страна на градоналникот на општина Кабинци една локација, а има понуди и од други соседни општини. За тоа ќе одлучат нашите консултанти, односно, проектантите, каде е најсоодветно, но тоа не менува ништо.  Нам ни е важно да изградиме стационар каде ќе бидат згрижени бездомните животни, изјави Тони Тоневски, претседател на Источен плански регион (ИПР)

Бездомните животни кои талкаат по улиците во моментот се менаџираат со специјализирани фирми за заловување и хумант третман. Меѓутоа, на овој начин се трошат многи средства, а не го даваат посакуваниот резултат. 

– Ние решивме оваа година да направиме уште еден чекор во поглед на решение на проблемот со бездомните животни, а тоа е, да ги стимулираме сите сопственици на домашни миленици да ги кастрираат, односно, да ги субвенционираме како општина, заедно со ветеринарните станици, додаде Тоневски

Стерилизацијата е долгорочно решение и е неопходна, бидејќи спречува неконтролирано размножување, со што директно се намалува бројот на несакани легла и напуштени миленици, а со тоа и вкупната популација на бездомни кучиња. 





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
82 %
0.1kmh
20 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
8 °

Поврзани написи

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...