Оштетени станари во Гостивар, фирма без лиценца им наплатила 208.500 денари за реновирање на зградата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Фирма од Гостивар на која и била одземена лиценцата за работа, бесправно им наплатила на станари 208.500 денари за реновирање и уредување на внатрешни простории во зградата.

Како што соопшти МВР, поднесена е кривична пријава не само против правниот субјект, туку и против В.Д.(44) од Гостивар кој неовластено се послужил со паричните средства.

– СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Гостивар и В.Д.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’ и „послужување“. Во текот на 2025, со прикривање факти, и покрај тоа што била одземена лиценцата за управување со станбени згради, фирмата продолжила да им наплатува на станарите, наводно за извршени услуги (реновирање и уредување во внатрешни простории на зградата) при што се стекнала со противправна имотна корист во износ од 208.500 денари на име резервен фонд. Второпријавениот неовластено се послужил со паричните средства во износ од 208.500 денари кои му биле доверени од група станари во зграда, наведува МВР.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
12.9 ° C
12.9 °
12.9 °
84 %
1.8kmh
100 %
Mon
12 °
Tue
10 °
Wed
10 °
Thu
13 °
Fri
12 °

Поврзани написи

Естевао разочаран, сака да си замине веќе во јануари?

Младиот напаѓач на Челзи, Естевао не е задоволен...

(Видео) Мбапе на колена ја фрли Барселона

Реал и го нанесе првиот пораз на Барселона...

Србија гласа на вонредни парламентарни избори

Изборите во Србија завршија, сега се очекуваат првичните...