Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во криптата на базиликата Сан Клементе во Рим пред вечното почивалиште на словенскиот просветител Свети Кирил, одекна молитва на македонски јазик. Со молебенот чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение со митрополитите Пимен и Георгиј. Во словото за св. Кирил архиепископот порача дека делата на сесловенските просветители не исчезнале со  неговото и делото на Методиј не исчезнало со вековите и дека нивната жртва раѓа нови плодови.

Во ова време невреме поглаварот порача дека сите сме повикани да се угледаме на мисионерско дело на светите рамноапостоли кои се темел на нашата историја,писменост и духовен континуитет.

Чествувањето по повод Св.Кирил и Методиј во Рим продолжи со посета на папската базилика „Санта Марија Маџоре“. 

Македонската делегација положи венец на спомен плочата  испишана на македонски јазик. 

Поклонувањето пред македонската спомен плоча има огромно значење за македонската културна дипломатија. Поставена е во 2015 година, во знак на благодарност на папата Адријан Втори кој во 868та во оваа базилика ги осветил првите словенски книги донесени од браќата Кирил И Методиј. Делегацијата оддаде почит и на гробот на папа Франциск кој почина минатата година. 





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи