Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк – нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Со силно темпо се работи на Вардариште. Депонијата Вардариште, која со децении е една од најголемите црни точки на Скопје, полека, но, сигурно, заминува во историјата, напиша попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата фејсбук-страница.

-Процесот на одгасување се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект. На терен интензивно се поставуваат цевки, шахти и целокупната потребна инфраструктура, како дел од сериозниот и системски пристап кон трајно решавање на овој децениски проблем. Ова е почеток на нова приказна за Скопје – нагласува Ѓорѓиевски.

Во објавата се истакнува дека по завршување на целиот процес, просторот ќе добие сосема нов лик – од депонија ќе прераснел во огромен мега – парк, ново зелено срце и нови бели дробови на главниот град.

-Таму каде што со години имаше смет, чад и негрижа – ќе никнат зеленило, простор за рекреација, мир, свеж воздух и место за сите генерации. Скопје заслужува чиста животна средина, уредени простори и визија што се реализира на дело. Вардариште заминува во минатото – се додава во објавата на Фејсбук.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
9.7 ° C
9.7 °
9.7 °
87 %
0.2kmh
0 %
Fri
10 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека...