Во угостителски објекти во Тетово пронајдени дрога и ладно оружје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Дрога и ладно оружје се пронајдени во угостителски објекти на територија на Тетово. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека приведени се четири лица. 

– На 17/18.07.2026 во период од 23:30 до 02:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територија на СВР Тетово, при што се пронајдени ножеви и дрога, а приведени се четири лица. При вршење на контрола во угостителски објект во Тетово, при преглед во задната страна од објектот, пронајдени се две кесиња со бела прашкаста материја. При контролата на други објекти, приведени се А.А. (23) од с. Ново Село, затоа што ги омаловажувал полициските службеници, а Е.Р. (29) од с.Камењане, С.А. (24) од Гостивар и С.Ј.(59) од с.Голема Речица се приведени затоа што кај нив се пронајдени ножеви, соопшти МВР.

По целосно документирање на случаите, се најавуваат соодветни пријави.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
12.3 ° C
12.3 °
12.3 °
74 %
1.6kmh
74 %
Mon
12 °
Tue
10 °
Wed
10 °
Thu
13 °
Fri
12 °

Поврзани написи