МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во функција се камерите на „Безбеден град“ во дел од општина Дебрца, наскоро ќе стартуваат и во Охрид, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението се појаснува дека по извршеното финално тестирање, ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца.

– Наскоро камерите на „Безбеден град“ ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршуваат нивната техничка проверка и тестирања. Системот „Безбеден град“ ќе овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и подигнување на нивото на безбедност на патиштата. Воедно, се очекува неговата примена да придонесе и за намалување на бројот на сообраќајни незгоди – се додава во соопштението.

Се апелира до возачите доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедно да се придонесе за побезбедни патишта низ државата.

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...