Гостивар во очекување на вода за пиење

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Жителите на Гостивар многу скоро, а можеби и во текот на денешниот ден, би можеле повторно да добијат безбедна вода за пиење. Ова се очекувањата на премиерот Христијан Мицкоски, откако водата од гостиварскиот водовод е под забрана за пиење уште од 17ти јули.

Интензивно се врши хиперхлорирање на системот и секојдневно се земаат мостри за анализа. Сепак, последните информации покажуваат дека во водата се уште се присутни бактерии. Иако не станува збор за фекални бактерии, тие сепак ја прават водата небезбедна за употреба како питка.

Во меѓувреме, во текот на изминатото деноноќие, 60 лица побарале лекарска помош поради симптоми поврзани со епидемијата. И покрај тоа што е забележано дневно зголемување во споредба со претходниот ден кога медицинска помош побарале 36 граѓани, од Министерството за здравство истакнуваат дека вкупниот тренд останува значително понизок.

За споредба, на 18ти јули беа евидентирани над 600 прегледи во здравствените установи.





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи