30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Приведен е возач вработен во СОЗР откако бил затекнат како прима мито од 500 евра. Во акција на мвр и ојо гокк лицето е лишено од слобода под сомнение за кривично дело примање награда за противзаконско влијание. Се работи за возач кој бил делегиран да го опслужува генералниот секретаријат на владата со кој раководи генералниот секретар Игор Јанушев. Лицето било затекнато како зема дел од побараните 1500 евра за да изврши влијание при вработување на пожарникар во скопската противпожарна служба. Постапката е иницирана по пријава на граѓанин од кого осомничениот ги побарал парите. 

„Постапката е иницирана по пријава на граѓанин од кого осомничениот, во периодот од 24 јули до 4 септември 2026 година, побарал 1 500 евра за да го искористи своето претпоставено влијание. Осомничениот, кој работел како возач на висок владин функционер, му ветил на оштетениот дека ќе посредува кај службени лица во Град Скопје во врска со вработување по распишан оглас за прием на пожарникари. По пријавувањето, надлежните органи, во координација со предметниот обвинител, презедоа дејствија за обезбедување докази. На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1 500 евра, кои претходно биле обележани.“

Поради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоци судот му одреди мерка притвор од 30 дена по предлог на обвинителството.

Од Владата, под чија надлежност е Службата за општи и заеднички работи нагласуваат дека целата операција е резултат на заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата. 

Со овој случај се покажува дека законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата. Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда.

Настанот предизвика реакции во јавноста но и политички превирања.Од СДСМ се сомневаат дека случајот ќе добие правна завршница. 

Борбата против криминалот се гледа преку апсење на вработени кои се обидуваат да земат мито реагираат од ВМРО ДПМНЕ, но според нив тоа опозицијата не може да го разбере поради нивните  искуства со нелегални зделки. 

Да беше во време на СДС немаше ништо од ова да се знае, затоа што никој немаше да биде санкциониран, а тие пари одамна ќе легнеа кај некој од главешините на СДС.Ова денес, низ овој и многу други примери се гледа дека има правна држава и дека владее законот за сите. Е тоа криминалецот Венко не може да го разбере. Не ја разбираме хистеријата со која настапува СДС. Со тоа што саботираат делување на институции покажуваат дека и понатаму СДС и Венко Филипче бранат криминал. 

Од Обвинителството апелираат до граѓаните редовно да ја пријавуваат корупцијата и да соработуваат со институциите, нагласувајќи дека навременото пријавување овозможува ефикасно обезбедување докази и акција против коруптивното однесување.





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
75 %
1.3kmh
39 %
Sun
15 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
12 °

Поврзани написи

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

На Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилна продажба на клубот

Независниот фудбалски регулатор (IFR) ќе има „апсолутна моќ“...

Србија утре избира нов парламентарен состав

Речиси 6,5 милиони луќе утре имаат право да...

(Видео) Наполи водеше три пати и не успеа да ја победи Рома

Фудбалерите на Наполи и Рома одиграа нерешено 3:3...

(Видео) Автогол каков што не сте виделе – Челзи на колена пред Тотенхем

Градското дерби, во осмото коло на „Стенфорд Бриџ“,...