Водачот на ОВК Хашим Тачи е осуден на 25 години затвор. Судот во Хаг го прогласи за виновен за противправно лишување од слобода на најмалку 385 лица, за сурово постапување на најмалку 49 лица, за мачење на најмалку 303 лица и за убиство на 96 лица.
За истите кривични дела беа осудени и другите водачи на ОВК – Јакуп Красниќи е осуден исто така на 25 години затвор, Кадри Вејсели на 18 години затвор, а Реџеп Селими доби 13 години затвор.
Во единствената казна затвор се вбројува и времето поминато во притвор













