62-годишен жител на тетовско е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.
Според информациите од полицијата, синоќа во 21:45 часот, по претходно објавено видео на социјалните мрежи, Р.Н. (62) сам се пријавил во Полициската станица Тетово.
По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, лицето е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело согласно член 188 од Кривичниот законик.
Р.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Полицијата, во координација со надлежното обвинителство, работи на целосно расчистување и документирање на случајот.













