Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


После политичкиот пресврт во Србија, Брисел гледа можност за нов почеток во односите со Белград. Но, според експертите, пред новото политичко раководство претстојат тешки одлуки, а останува неизвесно дали промената на власта ќе значи и промена на досегашната надворешна политика.

Европската унија очекува напредок во владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против корупцијата. За забрзување на европските интеграции, клучни ќе бидат и односите со Русија и Кина, како и нормализација на односите со Косово. Според Марко Трошановски, Европската унија ќе очекува конкретни чекори од новата српска влада во усогласувањето со европската надворешна политика.

„Пред се, мислам дека тука се подразбира усогласувањето или порамнувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, пред се санкциите кон Русија, поцврст став кон Кина и се разбира, импелементација на договорот со Косово“, изјави Марко Трошановски, Претседател на Институт за демократија „Социеас Цивилис“.

Србија досега одбиваше да се приклучи кон европските санкции против Москва, а ставовите на студентското движење за Косово не упатуваат на лесно прифаќање на договорите со Приштина.. Дополнителен предизвик се и санкциите што ги засегаат руските интереси во српскиот енергетски сектор. Иако победата на студентското движење отвора простор за реформи, тоа, истовремено обединува различни политички ставови. Затоа, Трошановски смета дека се уште не може со сигурност да се предвиди во која насока ќе се движи новата влада.

„Многу е тешко да се предвиди што ќе преовлада. Бидејќи, многу елементи во тоа движење индицираат дека ќе се задржат досегашните надворешно политички позиции на Србија. Иако, мнозинството, сепак, од тој збир на политички елементи инклинира кон подобрување на односите со Европската унија“, вели Трошановски.

Во кампањата, студентската листа најавуваше дека нема да воведува санкции против Русија, а Косово го смета за составен дел на Србија и се противи на претходно постигнатите договори со Приштина. Истовремено, најави борба против корупцијата и длабоки институционални реформи.

 





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
5.1 ° C
5.1 °
5.1 °
88 %
1kmh
2 %
Tue
10 °
Wed
11 °
Thu
11 °
Fri
12 °
Sat
9 °

Поврзани написи