МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


МВР приведе три лица од Скопје и едно од Струмица за двете убиства во Ѓорче Петров.

На приведените им е определен краткотраен притвор од 48 часа, а лицата се сомничат за кривично дело разбојништво со смртни последици.

Извор од истрагата откриваат дека приведени веќе ги признале кривичните дела во полициска станица. Нивна мета биле стари лица кои живееле сами, а жртвите биле убиени на речиси идентичен начин, врзувани и претепувани, по што од нивните домови биле одезани пари и злато.    

Според истите извори двајца од приведените учествувале во првото убиство на 62 годишниот маж од Хром, додека три лица го извршиле убиството на 76 годишната жена која вчера беше пронајдена во Ѓорче Петров. Четвртото лица кое е од Струмица било возач на разбојничката група и тој е осомничен за помагање. На местата на убиствата полицијата пронашла и ДНК траги од осомничените, па следните денови ќе бидат поднесени и кривични пријави.

-СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (27.10.2026) лиши од слобода четири лица, А.С.(22), Х.Е.(20), К.А.(58) сите од Скопје и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за двете кривични дела „разбојништво“ со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026.

-Во координација и по издадени Наредби од ОЈО Скопје, а со цел комплетирање на целокупниот доказен материјал за понатамошна постапка, за лицата е побаран краткотраен притвор согласно член 170 вв член 165 од Законот за кривична постапка, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, вели Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Од ОЈО Скопје пак појаснуваат дека краткотрајниот притвор е побаран бидеќи постапката е се уште во фаза на прибирање докази и до овој момент нема наредба за истрага.

Резултатите од обдукцијата на двете тела секако во следниот период ќе треба да дадат и повеќе информации за начинот на кој биле извршени убиствата, додека истрагата ќе треба да утврди дали овие две лица биле единствените жртви на разбојничката група.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
7.3 ° C
7.3 °
7.3 °
90 %
0.3kmh
100 %
Thu
12 °
Fri
12 °
Sat
11 °
Sun
9 °
Mon
10 °

Поврзани написи

(Видео) Пенал драма на „Енфилд“, Ливерпул по осум серии го елиминира Челзи

Фудбалерите на Ливерпул вечерва се пласираа во четвртфиналето...

(Видео) Руљи херој, Сити на пенали го елиминира Брајтон

Манчестер Сити избори пласман во четвртфиналето, во Лига...

Спорт Билд: Ливерпул сака Вушковиќ да го наследи Ван Дајк

Ливерпул е заинтересиран за хрватскиот репрезентативец Лука Вушковиќ...