(Видео) Елмас играше 58 минути, Аталанта освои бод во Фиренца

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Фудбалерите на Фиорентина и Аталанта ремизираа 2:2 (0:1) во последниот натпревар од деветото коло на италијанската Серија А.

На „Артемио Франки“ гледавме многу динамичен натпревар со четири гола и еден пресврт. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, започна во стартниот состав на Аталанта, во 12-та минута доби жолт картон, а во 58-та беше повлечен на клупата.

Гостите од Бергамо поведоа преку Шарл Де Кетелар и со минимална предност отидоа на големата пауза.

Сепак, „виола“ успеа да го сврти резултатот за само осум минути, Наџа израмни во 53-та, а Жоао Марио им донесе водство на домашните во 61-та минута.

Одличниот натпревар беше заокружен со голот на Залевски за конечни 2:2, иако до крајот и двата тима имаа шанси за победа.

Веројатно најдобрата шанса за триумф на Фиорентина ја имаше Брешанини во 85-та минута, но Карнесеки одлично одбрани, исто како што на спртивната страна Де Хега го сопре ударот на Де Кетеларе.

Фиорентина стигна до петтиот бод од девет натпревари и е на 18-та позиција, додека Аталанта со 11 скокна на 12-та позиција на табелата.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
8.5 ° C
8.5 °
8.5 °
92 %
0.3kmh
100 %
Fri
12 °
Sat
11 °
Sun
8 °
Mon
11 °
Tue
9 °

Поврзани написи

Спектакуларен трансфер во најава: Меси се враќа дома

Лионел Меси би можел да направи еден од...

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!

Процесот за приклучување на Македонија кон европскиот систем...

Зверев стана рекет број 1 во светот

Германскиот тенисер Александар Зверев, од вечерва, официјално е...