Владата го усвои предлог буџетот за 2027 тежок околу 7,2 милијарди евра, односно 440,4 милијарди денари.
Планираните приходи изнесуваат 395,4 милијарди денари, а буџетскиот дефицит е прокетиран на 45 милијарди денари, односно 3,5% од БДП.
За исплата на пензии се предвидени 123,8 милијарди денари, за здравство 3,9 милијарди повеќе од годинава, а за капитални инвестиции 40,8 милијарди денари.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, најави редовна исплата и раст на платите и пензиите, како и продолжување на ифраструктурните проекти.
Влада очекува економски раст од 3,8% и инфлуација од 3,2% во следната година.
За покривање на дефицитот и отплата на долговите, државата ќе се задолжува на домашниот и меѓународниот пазар.
Преземено од: Линк












