Пукна тиквата меѓу Итудис и Мициќ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Хапоел Тел Авив одлично ја започна сезоната во Евролигата. Израелскиот тим има шест победи и два порази.

И покрај добрите резултати, атмосферата во тимот не е добра. Како што објави „Спорт 5“, тренерот Димитрис Итудис и еден од најдобрите играчи Василије Мициќ не се во добри односи.

До неодамна беа многу блиски, што неодамна се промени, а според овој извор тие двајца речиси и да не разговараат меѓу себе.

Наводно, комуникацијата е сведена на апсолутен минимум.

„Тоа не е нешто што не може да се забележи. Напнатоста јасно се чувствува. Нешто се случило помеѓу Васа и Итудис и нивниот однос повеќе не е како порано“, велат извори од Хапоел за „Спорт 5“.

Според сведочењето, Мициќ потврдил дека односите со Итудис се во сериозна криза и станале многу лоши.

Василије Мициќ не играше во победата на Хапоел против Ефес поради повреда на зглобот, но се чини дека има подлабоки проблеми во самиот тим.

Мициќ со плата од речиси 5,5 милиони долари е играчот со најголема плата во Евролигата. Тој ја игра втората сезона во дресот на Хапоел, откако претходно мина две неуспешни сезони во НБА лигата.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
8.7 ° C
8.7 °
8.7 °
94 %
0.4kmh
100 %
Sat
11 °
Sun
10 °
Mon
10 °
Tue
10 °
Wed
8 °

Поврзани написи