Детскиот музички фестивал „Тра ла ла“ годинава ќе го има своето 26-то издание на 6 ноември во Центарот за култура во Битола.
На фестивалската сцена ќе бидат изведени 16 нови песни, со кои ќе настапат 16 млади пејачи.
За најмладата публика се предвидени три фестивалски претстави, со почеток во 9:30, 11:30 и 13:30 часот, додека свеченото финале ќе се одржи во 19:30 часот.
Фестивалот се организира во пресрет на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, а детската песна е замислена како музички подарок за градот.
Влезниците можат да се набават на билетарницата при Центарот за култура во Битола, како и онлајн преку платформата Картичка.мк.
Преземено од: Линк












