(Видео) Спектакл во првото полувреме – Милан го победи Интер

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Милан го победи Интер со 3:1 (3:1), во 10-то коло во Серија А. Актуелниот првак на Италија, потклекна пред расположениот противник и го забележа првиот пораз во сезоната во домашниот шампионат. Интер со натпревар повеќе остана на делба на првата позиција со Лацио, додека Милан скокна на четвртото место, со 21 бод, четири помалку од двете водечки екипи.

Првото полувреме, во „Дерби дела Мадонина“, беше едно од најдобрите во последаната деценија.

Милан го нокаутира градскиот ривал во првите десет минути, со головите на Пулишиќ и Рабио.

Надежите на Интер ги врати Бастони во 22-та минута. Потоа Интер ја презеде иницијативата, ја притисна одбраната на Милан и создаде неколку шанси. Голманот Мајк Мањан особено се истакна, спречувајќи го шутот на Спенс од блиску со фантастична интервенција.

Сепак, крајот на првото полувреме им припадна на „росонерите“, поточно на Диего Мореира. Во 43-та минута, Николо Барела го фаулираше Јунус Муса на работ од шеснаесетникот, а младиот Белгиец со фантастичен удар погоди и го постави конечниот резултат.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
7.2 ° C
7.2 °
7.2 °
95 %
1.1kmh
100 %
Sun
9 °
Mon
12 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
8 °

Поврзани написи

Барселона го декласира Алавес

Барселона го победи Алавес со 6:1 на „Камп...

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач

На 85-годишна возраст, во Сплит, почина легендарниот хрватски...

(Видео) Брајтон го нокаутира Манчестер Сити

Фудбалерите на Манчестер Сити загубија од Брајтон на...