Хамилтон за „влакно“ пред Расел ја освои пол-позицијата во Мексико

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Луис Хамилтон ја освои првата пол-позиција за Ферари во тековната сезона, во првенството во Формула 1. Британецот до 105-та пол-позиција во кариерата, дојде пред сонародникот Џорџ Расел од Мерцедес и тимскиот колега Шарл Леклер. Ова е прва пол-озиција за Хамилтон во Ферари и прва за него по пауза од нешто повеќе од три години, кога како возач на Мерцедес, во 2023 година стартуваше прв на Големата награда на Унгарија.

Седумкратниот светски шампион му ја донесе на Ферари првата пол позиција во новата ера на автодромот „Ерманос Родригез“, во Мексико Сити, со круг од 1:16.514 минути.

Најблиску до Хамилтон беше Џорџ Расел во Мерцедес, кој заостануваше само девет илјадити делови од секундата. Двајцата се потрудија да се стават во позиција да триумфираат во Мексико Сити и да останат во конкуренција за титулата.

Сепак, сè зависи од лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, кој беше петти во квалификациите, но ќе стартува четврти благодарение на казната што ја доби Макс Ферстапен.

За младиот Италијанец да биде крунисан утре, четири трки пред крајот на сезоната, доволно е да освои два бода.

Италијанецот, кој триумфираше во Тексас минатиот викенд, има предност од 123 бода во однос на Расел и 124 во однос на Хамилтон.

Актуелниот шампион Ландо Норис имаше шесто време, по него следеше вториот возач на Ред Бул, Исак Хаџар, додека Лијам Лосон беше осми. Новозеланѓанецот, како и Ферстапен, беше казнет со поместување за една позиција назад, што ќе му користи на неговиот тимски колега Арвид Линдблад, додека 10-то место на стартот ќе го заземе Пјер Гасли од Алпин.

Трката за Големата награда на Мексико на програмата е во недела во 21:00 часот.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
8.5 ° C
8.5 °
8.5 °
90 %
1.5kmh
100 %
Sun
9 °
Mon
12 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
8 °

Поврзани написи

Тетовец измамил сопственик на возило за илјадници евра!

На 31.10.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово, 47-годишник...

Предвремени избори во Брвеница: До 9 часот излезноста во вториот круг е 3,98%

Предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница: Во вториот...

Барселона го декласира Алавес

Барселона го победи Алавес со 6:1 на „Камп...