Излезноста во Брвеница до 13 часот 27,81%, повисока за 7,31 процентни поени од првиот круг

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


До 13 часот на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница гласале 4.518 избирачи, што претставува 27,81 отсто од вкупниот број запишани гласачи, соопшти Државната изборна комисија.

Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезноста е за 7,31 процентен поен повисока во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври годинава.

Во однос на заштитата на избирачкото право, до 13 часот до Комисијата бил поднесен еден приговор, кој бил усвоен, по што на гласачот му било овозможено да го оствари правото на глас.

Од ДИК информираат дека следниот пресек на излезноста и текот на гласањето ќе биде соопштен на прес-конференција закажана за 15:30 часот во седиштето на Комисијата. 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
8.9 ° C
8.9 °
8.9 °
91 %
1.5kmh
99 %
Sun
9 °
Mon
11 °
Tue
8 °
Wed
10 °
Thu
9 °

Поврзани написи

До 15.30 часот во Брвеница гласале над 40 отсто од избирачите

До 15:30 часот во Општина Брвеница гласале 6.579 граѓани,...

До 15.30 часот во Брвеница гласале над 40 отсто од избирачите

До 15:30 часот во Општина Брвеница гласале 6.579 граѓани,...

Најлошиот Јунајтед во последните 42 години

Манчестер Јунајтед загуби со 2:0 на гостински терен...

Тетовец измамил сопственик на возило за илјадници евра!

На 31.10.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово, 47-годишник...

Предвремени избори во Брвеница: До 9 часот излезноста во вториот круг е 3,98%

Предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница: Во вториот...