Министерката за образование и наука на Федерацијата Босна и Херцеговина, Јасна Дураковиќ, најави дека ќе ги намали своите активности до 14 ноември поради „ретроградниот Меркур“, бидејќи верува дека положбата на планетите влијае врз комуникацијата и однесувањето на луѓето.
Во видео објавено на ТикТок, министерката објаснила дека во последните денови имала бројни непријатни искуства во комуникацијата со луѓето, поради што почнала да верува во влијанието на астролошките појави.
„Во изминатите денови имав навистина безброј лоши искуства во комуникацијата, така што почнувам навистина да верувам дека положбата на планетите силно влијае врз нашето расположение, однесување и комуникација“, изјавила Дураковиќ.
Таа истакнала дека е Близнак во хороскоп, знак со кој според астрологијата владее Меркур, и дека ваквите проблеми особено тешко ѝ паѓаат бидејќи по професија е комуниколог.
Министерката им препорачала на граѓаните важните договори, преговори и потпишувањето документи да ги одложат за втората половина на ноември, кога, според нејзините верувања, ќе помине неповолниот астролошки период.
Нејзината објава предизвикала бројни реакции на социјалните мрежи, каде што дел од корисниците ја критикувале, додека други иронично прашувале дали поради ретроградниот Меркур треба да се одложат и испитите на факултетите.
Ретроградниот Меркур е привидно движење на планетата наназад, гледано од Земјата, во астрологијата се поврзува со проблеми во комуникацијата, технологијата и донесувањето одлук.
Преземено од: Линк












