Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој пред еден месец побара да го напушти клубот, Џеј Џеј Габриел, дефинитивно ќе го напушти „Олд Трафорд“, а според информациите, кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.
Габриел, кого го нарекуваат генерациски талент, требаше да добие минутажа веќе во првиот дел од оваа сезона, беше планиран за помалку важни куп натпревари, но ги изненади сите со својата одлука да побара раскинување на договорот.
Неговиот менаџер и родителите, пред челниците на Јунајтед изнесоа нереални барања, клубот ги одби, а тој реши да замине.
Какви барања имал младиот фудбалер, можете да прочитате ТУКА.
Тој е офанзивен играч од средниот ред, има само 16 години, а досега неколку клубови покажаа интерес за него, а тој одби конкретна понуда од Пари Сен Жермен пред неколку дена.
И Барселона е во трка, но, според шпанските медиуми и извори од Барселона (Мундо Депортиво), овој млад фудбалер ќе заврши во Реал Мадрид.
Исто така, можно е Мадрид да го потврди овој трансфер во следните неколку дена.
Преземено од: TopSport













