Фудбалерите побараа викендов во Шпанија да не се играат натпревари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Шпанскиот фудбал би можел да застане овој викенд поради смртта на 30-годишниот Хесус де Мигел, напаѓачот на Тенерифе, кој почина по судир со противничкиот голман за време на натпреварот против Андора.

Ла Лига ја разгледува можноста за одложување на натпреварите од првата и втората лига, а конечната одлука треба да биде позната во текот на денот или во четврток.

Иницијативата за прекин на натпреварувањето ја покрена Здружението на шпански фудбалери (АФЕ), кое побара од Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), Ла Лига и УЕФА да ги одложат сите натпревари во Шпанија од 3 до 9 ноември.

Фудбалерите бараат колото да биде одложено

„Смртта на нашиот колега Хесус де Мигел е непоправлив удар за целото фудбалско семејство. Веруваме дека има моменти кога фудбалот мора да престане“, соопшти АФЕ.

Ла Лига почна да го разгледува барањето, а можните последици и пречки беа дискутирани и во емисијата „Ел Ларгеро“ на радио станицата „Кадена СЕР“.

Еден од проблемите се договорните обврски кон телевизиските компании и спонзорите, можните финансиски казни и веќе пренатрупаниот распоред на натпревари.

Сепак, одложувањето на 12-то коло од првата и 13-то коло од втората шпанска лига се споменува како една од можностите.

Трагична смрт по судир на натпревар

Де Мигел почина во понеделник откако се судри со голманот на Андора, Хесус Овоно, во завршната фаза од натпреварот во втората шпанска лига. Голманот истрча од голот да спречи контра напад, се судри со напаѓачот, при што фудблерот на Тенерифе добил удар градите со коленото.

Де Мигел доживеа срцев удар веднаш на теренот. Медицинскиот тим се обиде да го реанимира на теренот, по што е префрлен во болница, каде што почина.
Имаше 30 години.

Натпреварот беше прекинат, а Овоно доби директен црвен картон за инцидентот. Шпанската федерација веќе ги одложи натпреварите од Кралскиот куп и Кралскиот куп закажани за вторник, а натпреварите од европските натпреварувања во Шпанија започнаа со едноминутно молчење.

Сега се чека одлука за евентуалното одложување на целото коло во првиот и вториот ранг на шапнскиот фудбал.





Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
6.9 ° C
6.9 °
6.9 °
94 %
0.1kmh
100 %
Wed
7 °
Thu
10 °
Fri
12 °
Sat
11 °
Sun
13 °

Поврзани написи

Баркола: Салах овде е легенда, јас се обидувам да создадам своја историја

Бредли Баркола е најскапата инвестиција на Ливерпул оваа...

Чудото од дете на Манчестер Јунајтед ќе заврши во Реал

Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој пред еден...

Хас го избрка Естебан Окон

Францускиот возач Естебан Окон дефинитивно нема да ја...