(Видео) Едегор за нова победа на Арсенал, ремизираа Фулам и Њукасл

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Фудбалерите на Арсенал го победија Хал со 1:0, во натпреварот од 10-тото коло од Премиер лигата. Во истиот термин Фулам и Њукасл ремизираа 1:1.

„Топџиите“ успеаја да освојат три бода со многу мака, а единствениот гол беше постигнат во 72-та минута.

Мартин Едегор најдобро се снајде откако Цолакис го одби шутот на Мадуеке.

Домашниот тим ја имаше иницијативата, но недостасуваа големи шанси, пред и по голот.

Мадуеке имаше добра ситуација во финишот по одличното додавање на Мерино, но ја упропасти во желбата да го издрибла Цолакис.

Арсенал останува прв на табелата со 27 бода, додека Хал е 13-ти со 11 бода и нема победа од 29 август.

Во истиот термин, Фулам и Њукасл одиграа нерешено 1:1.

Двата гола беа видени во завршницата. Марфи им донесе водство на „страчките“ во 80-та минута, а Родриго Муниз изедначи во 83-та минута.

Њукасл е 11-ти на табелата со 12 бода, додека Фулам е 15-ти со два бода помалку.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
clear sky
4.1 ° C
4.1 °
4.1 °
88 %
0.1kmh
0 %
Sat
4 °
Sun
13 °
Mon
13 °
Tue
15 °
Wed
17 °

Поврзани написи

Големото засилување на Јунајтед на принудна пауза

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Карлос...

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени

Најниска температура од -4 степени утрово е измерена...

Балде во јануари си оди од Барселона

Бекот на Барселона, Алехандро Балде, ќе бара нов...

Зверев се брани од Бекер: Борис само зборува глупости

Александар Зверев ја искористи својата прва недела на...