Официјално: Олимпија од Милано има нов тренер

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Една победа во десет кола и девет порази по ред беа премногу, па Армани (Олимпија) о го отпушти Пепе Поета и го замени со Лука Банки.

Поточно, тој се врати, бидејќи трофејниот италијански тренер веќе работеше во Олимпија пред 11 години.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Банки се согласил да соработува со актуелниот шампион на Италија две и пол години. Според италијанските медиуми, вкупната вредност на договорот е околу два милиони евра.

Тој претходно ја водеше Олимпија од 2013 до 2015 година, а под негово водство клубот ја освои својата прва титула во италијанското првенство, откако клубот го презеде Армани.

Иако се враќа во Евролигата, Банки истовремено ќе продолжи да ја извршува функцијата тренер на италијанската репрезентација, што клубот го потврди во официјално соопштение.

„Чест ми е што повторно имам можност да ја водам Олимпија Милано. Од срце им се заблагодарувам на сопствениците на клубот кои проценија дека сум вистинската личност да го преземам тимот во овој момент. Исто така, му сум благодарен на претседателот Петручи што ми дозволи да продолжам да работам како селектор на италијанската репрезентација“, рече Банки.

Тој е четвртиот тренер/селектор во Евролигата. Покрај него тука се Душан Алимпијевиќ (Бешикташ/Србија), Алекс Мумбру (Виртус/Германија), Александар Секулиќ (Барселона/Словенија).

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
broken clouds
8.2 ° C
8.2 °
8.2 °
75 %
0.4kmh
70 %
Sun
7 °
Mon
11 °
Tue
16 °
Wed
18 °
Thu
19 °

Поврзани написи

Кривична за 22-годишник од Врапчиште: Сопругата го пријавила дека и го одзел детето и го однел во Швајцарија

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава...