На 09.11.2026 во 18:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода Б.Х.(51) од с.Требош. Според пријавеното, околу 09:00 часот, за време на големиот одмор, Б.Х. влегол во просториите на основното училиште во село Требош, физички нападнал двајца малолетни ученици и им упатувал вербални закани. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 09.11.2026 во 10:30 часот во Полициското одделение Јегуновце, Б.Б.(43) од с.Прељубиште пријавил дека околу 07:15 часот во комбе за превоз на ученици од основното училиште во с.Шемшово, друг малолетник од с.Копанце барал пари од неговиот малолетен син и физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.













