На 05.11.2026 во СВР Тетово, 74-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од Ш.А. од с.Доброште. Според пријавеното, во текот на февруари 2026 година, лицето му понудило посредство за остварување право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице преку Центарот за социјални работи Тетово, при што за услугата му земал 400 евра. Бидејќи оштетениот со месеци не добил никаков одговор, ниту му биле вратени средствата, сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.













