(Видео) Салах со паненка до рекорд и слава

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Мохамед Салах стана најдобар стрелец во историјата на египетската фудбалска репрезентација.

Салах го постигна својот 70-ти гол за репрезентацијата во квалификацискиот натпревар за Африканскиот куп на нации против Малави. Всушност, тој ги постигна 69-тиот и 70-тиот гол и со тоа го престигна претходниот рекордер Хосам Хасан, некогаш и селектор на оваа селекција, на вечната листа на стрелци.

Голот што влезе во историјата го постигна Салах со стил, со паненка од пенал. Патем, Салах ја затресе мрежата за прв пат во 84-тата минута.

Фудбалскиот фараон го имаше своето деби за сениорската репрезентација на Египет на 3 септември 2011 година, а по повеќе од 15 години, успеа да се најде на врвот на листата на најдобри стрелци во историјата на репрезентацијата.

Иако зад себе има бројни индивидуални и клупски трофеи, тој сè уште не го остварил својот најголем репрезентативен сон – освојување на Купот на африканските нации.

Исто така, натпреварот помеѓу Египет и Малави го одбележа соиграчот на Салах, Мохамед Хани, со гол во продолжението, спектакуларен, убедливо најубав потег на натпреварот.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
light rain
10.6 ° C
10.6 °
10.6 °
93 %
1.1kmh
100 %
Sat
12 °
Sun
16 °
Mon
16 °
Tue
16 °
Wed
16 °

Поврзани написи

(Видео) Германија лесно се справи со Србија во Белград

Германија рутунски ја победи Србија, во Белград, соо...

Јунајтед потроши 130 милиони евра на тренери од заминувањето на Фергусон

Од заминувањето на легендарниот Алекс Фергусон во 2013...

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА

Македонија да го искористи моментот и со промената...

Македонија постигна гол, но загуби во Шкотска

Шкотска ја победи Македонија со 2:1 (0:0), во...