Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, престојува во приватна посета на Македонија на покана на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ.
Двајцата вечерва заедно ќе го следат натпреварот меѓу Македонија и Словенија.
Омерагиќ ја соопшти посетата во објава во која му посака добредојде на Чеферин и изрази задоволство што повторно го пречекува во Македонија.
„Вечерва заедно ќе го следиме дуелот Македонија – Словенија.
На теренот секој за своите, надвор од него, повеќе од пријателство“, напиша Омерагиќ.
Преземено од: Линк












