Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија, обука за македонските здравствени работници во Едрене

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерот за здравство Сашо Клековски и ректорот на Универзитетот Тракија од Едрене, проф. д-р Мустафа Хатиплер, денеска во Скопје потпишаа протокол за соработка во областа на здравството, со важност од пет години.

sa2

Како што информираат од Министерството за здравство, протоколот е потпишан во рамки на проектот „Мостови на братството“ – балканска соработка во здравството и обука во текот на работата, што Универзитетот Тракија го спроведува со поддршка на Министерството за здравство на Република Турција. Македонија е третата земја вклучена во проектот, по Косово и Бугарија.

Соработката предвидува стручни престои и практична обука на македонски здравствени работници на Медицинскиот факултет и во Универзитетската болница во Едрене, размена на знаење и клиничко искуство меѓу стручните тимови, како и заеднички научни истражувања и стручни настани.

Протоколот опфаќа и институционална соработка во областа на стоматологијата, фармацијата и здравствените науки.

sa3

Овој документ е продолжение на меморандумот за разбирање во областа на здравството што министерот Клековски го потпиша со министерот за здравство на Република Турција, проф. д-р Кемал Мемишоглу, во октомври годинава во Истанбул, каде што стручната размена и специјалистичката едукација беа определени како приоритетни области.

Во делегацијата на Универзитетот Тракија беа и проректорот и декан на Медицинскиот факултет проф. д-р Седат Устундаг, деканот на Факултетот за стоматологија проф. д-р Али Јилмаз и директорот на Универзитетската болница проф. д-р Алкин Чолак.

– Договорите вредат онолку колку што од нив ќе почувствува корист еден пациент. Со овој протокол нашите здравствени работници добиваат место каде ќе се доусовршуваат, а знаењето што ќе го донесат останува тука – изјави министерот Клековски.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
16.3 ° C
16.3 °
16.3 °
48%
3.3m/s
27%
Fri
17 °
Sat
14 °
Sun
13 °
Mon
12 °
Tue
4 °

Поврзани написи

Формула 1 ги враќа легендарните V8 мотори

Формула 1 подготвува голема промена во техничките правила...

Манчестер Сити остана без зделка вредна 1,82 милијарди евра

Неизвесноста околу казната и одлуката за жалбата на...

Србинот Дејан Мијатовиќ нов тренер на МЗТ Скопје

Српскиот стратег Дејан Мијатовиќ е назначен денеска за...

Прво интервју на Покетино во Манчестер: Мора да почнеме од нула

Во своето прво интервју како менаџер на Манчестер...