Сараевски медиуми: Поднесено е обвинение против премиерот, министерот за полиција на ФБиХ и други поради примање мито

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Специјалното одделение на Обвинителството на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФБиХ) за борба против корупцијата и криминалот (ПОСКОК) поднесе обвинение против голем број функционери на тој ентитет.

Според сараевски медиуми, обвинети се поранешниот директор на Полициската управа на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФУП) Вахидин Муњиќ, премиерот на Федерацијата Нермин Никшиќ, министерот за внатрешни работи Рамо Исак, функционерот на ФУП Мухамед Охрановиќ, шефот на кабинетот на премиерот Аријана Хусеиновиќ-Ајановиќ, суспендираниот директор на Полициската академија на МВР на ФБиХ Ервин Мушиновиќ и советничката на градоначалничката на Општина Ново Сараево Мирела Бубало.

Случајот се однесува на кривични дела злоупотреба на положба или овластување, како и давање и примање поткуп за тргување со влијание.

Обвинителството, како што се додава, се сомнева во нелегални вработувања и унапредувања во полициските структури.

За обвинението ќе одлучува Специјалното одделение на Врховниот суд на ФБиХ. 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
11.4 ° C
11.4 °
11.4 °
72%
0.9m/s
2%
Fri
11 °
Sat
14 °
Sun
13 °
Mon
12 °
Tue
4 °

Поврзани написи

Извлечени двојките за четвртфиналето на Лигата на нации

Попладнево во Нион, беа извлечени четвртфинални двојки во...

УЕФА ја казни англиската репрезентација поради расизам

Фудбалската федерација на Англија доби условна забрана за...

Сака ќе отсуствува барем уште еден месец

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека Букајо...

Формула 1 ги враќа легендарните V8 мотори

Формула 1 подготвува голема промена во техничките правила...