Психолозите предупредуваат: Промените на расположението на децата се аларм дека нешто се случува

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Родителите треба внимателно да следат со кого и на кој начин комуницираат нивните деца, особено на социјалните мрежи, за да ги заштитат од опасностите во онлајн просторот. Психолозите предупредуваат дека постојат одредени знаци кои можат да укажат дека детето е изложено на влијание или притисок од насилни онлајн групи, како што е „764“.

„Родителите да внимаваат на одредени промени кај нивните деца, како промена на расположение, промена на емоционалната состојба на детето, дали се вознемирува почесто, дали крие со кого комуницира, дали го крие телефонот, дали има одредени осцилации на расположувања. Тие се индикации дека нешто се случува и дека мора да бидат многу внимателни“, вели Фики Гаспер, психолог. 

Не е помалку важна ниту улогата и на наставниците, кои секојдневно имаат контакт со учениците и можат да забележат промени во нивното однесување. Наглиот пад на успехот, намалената концентрација и губењето на мотивацијата може да бидат дополнителни сигнали дека детето се соочува со проблем. Доколку постои сомнеж дека ученикот е под влијание или е поврзан со ваква група, неопходна е навремена реакција и вклучување на стручните служби.

„Нешто што барем истражувањата го покажуваат е дека во многу вакви ситуации поминуваат незабележани, затоа што се појавува еден срам од страна на младите, посебно ако веќе имаат направено одредено однесување кое не смееле. Токму со тоа групата знае да ги уценува или заплашува со тоа дека ќе бидат отфрлени од таа група во која тие се чувствуваат припадници“, вели Фики Гаспер, психолог. 

Експертите предупредуваат зад привидно обичната комуникација на интернет може да се кријат манипулации, притисоци и уцени, поради што е особено важно возрасните навреме да ги препознаат предупредувачките знаци за младите навремено да бидат заштитени од насилни онлајн групи како „764“. 

 





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
7.7 ° C
7.7 °
7.7 °
87%
0.7m/s
15%
Sat
13 °
Sun
13 °
Mon
11 °
Tue
3 °
Wed
5 °

Поврзани написи

Трамп ја опиша атмосферата од средбата со Шји и Путин како одлична

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот...