Системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан и ќе го олесни транспортот на патници и дополнително ќе ги зајакне врските меѓу граѓаните.
Премиерот Христијан Мицкоски, на заедничкиот настан со албанскиот премиер Еди Рама, истакна дека неколку милиони патници годишно поминуваат низ овој граничен премин, оценувајќи дека новиот систем ќе придонесе за побрзо и поедноставно движење меѓу двете соседни земји.
Албанскиот премиер Еди Рама, подвлече дека новиот начин на функционирање ќе значи поедноставување на граничните процедури и поголема доверба меѓу двете земји додавајќи дека новиот систем треба да донесе поинаков пристап.
Двајцата премиери Mцкоски и рама очекуваат ваквиот модел на соработка да биде воспоставен и на другите гранични премини со Албанија, со цел дополнително поврзување на граѓаните од двете страни на границата.
Преземено од: Линк












