Судот пресуди, Сенегал е шампион на Африка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Десет месеци по едно од најконтроверзните финалиња во историјата на фудбалот, конечно е познат победникот на Африканскиот куп на нации. Арбитражниот суд за спорт (CAS) во Лозана пресуди во корист на Сенегал, на кој му беше вратена титулата континентален шампион.

Сенегалците ги победија Мароканците и на теренот и на суд. Ставен е крај на повеќемесечната правна битка што следеше по хаотичното финале на Африканскиот куп на нации, одиграно на 18 јануари во Рабат.

Да ве потсетиме дека Сенегал го победи домаќинот на турнирот со 1:0 по продолженијата, но настаните на крајот од регуларниот дел од натпреварот предизвикаа бура во светот на фудбалот.

Незадоволни од одлуката на судијата, најпрвин да им поништи гол во 93-та минута, а потоа да досуди пенал за Мароко во 98-та, сенегалската репрезентација го напушти теренот во знак на протест.

Прекинот траеше 14 минути, а откако Сенегалците се вратија на теренот, Брахим Дијаз се обиде да изведе „паненка“. Неговата намера ја прочита голманот Едуар Менди, додека Папе Геј постигна гол за титулата во продолжението.
Сенегалците го кренаа купот во Рабат, а потоа го прославија со навивачите во нивната татковина, но тоа не беше крајот на приказната.

Како на Сенегал му беше одземена титулата?

На 17 март, жалбеното тело на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF) донесе одлука да го регистрира натпреварот со официјален резултат од 3:0 во корист на Мароко, повикувајќи се на членовите 82 и 84 од правилниците за натпреварување.

Правилата предвидуваат дека екипата што одбива да игра или го напушта теренот пред крајот на натпреварот без дозвола од судијата ќе биде прогласена за поразена и елиминирана од натпреварувањето.

Фудбалската федерација на Сенегал поднесе жалба до Арбитражниот суд за спорт на 25 март, а еден од клучните аргументи на Сенегалците беше дека судијата дозволил натпреварот да продолжи и дека финалето завршило на теренот.

Сослушувањето на претставниците на Сенегал, Мароко и CAF се одржа на 8 октомври зад затворени врати во Лозана.

Во пресрет на пресудата, шпанската „Марка“ објави дека Мароканците се целосно убедени дека ќе ја добијат правната битка пред CAS, со оглед на тоа што правилникот не остава простор за поинакво толкување.

Сепак, епилогот не е во полза на Мароко. Сенегал повторно е официјално шампион на Африка, по втор пат во историјата, откако претходно го освои Африканскиот куп на нации во 2021 година.

Десет месеци по прославата во Рабат, Сенегалците повторно имаат причина да слават.



Преземено од: TopSport

Tetovo
clear sky
-1.7 ° C
-1.7 °
-1.7 °
72%
0.2m/s
7%
Tue
-1 °
Wed
9 °
Thu
10 °
Fri
11 °
Sat
8 °

Поврзани написи