Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Празникот над празниците-Велигден, центар на православната вера, ги сплоти православните верници во Гостивар во споделување на радосната вест за Христовото воскресение со кое се докажува победата на животот над смртта.

Велигден во летото господово 2024 во Гостивар се дочека и одбележа достоинствено и масовно. Граѓани од сите генерации, со радост и трепет во срцата ја дочека веста за Христовото воскресение на прославата во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во центарот на градот и градскиот плоштад. Според обичаите и традициите, на објавувањето на веста за Христовото воскресение и претходеше трикратниот опход околу црквата со пеење на Воскресение Христе Твое Спасе.

На полноќ се означи Велигден, празникот кога Исус станал од мртвите и ја докажал својата божествена моќ. Граѓаните си честитаа како што налагаат обичаите, со „Христос Воскресна-Навистина Воскресна“ и традиционално се кршеа со велигденските јајца, обичај на кој најмногу му се радуваат дечињата. Одбележувањето на празникот продолжи со утрена и литургија на Свети Јован Златоуст.

Велигден се слави како празник над празниците, победа на животот над смртта.  Црвените велигденски јајца го симболизираат повторно раѓање. Се верува дека тврдата лушпа на јајцето го претставува гробот на Исус, а кршењето на јајцата – воскреснувањето од мртвите. Палењето на свеќите пак е симбол на распространувањето на Исусовата светлина, која никогаш не гасне. По обичај, свеќата се носи дома и со неа се пали кандилото.

Богослужбите продолжуваат и во наредните денови од велигденските празнувања.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
clear sky
12.1 ° C
12.1 °
12.1 °
81 %
0.1kmh
9 %
Fri
11 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи