Соопштение на СВР Тетово изречени 147 мерки, и санкционирани 100 возила, односно возачи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (10 март) околу 13 часот на улица „163“ во Тетово го привеле 25-годишниот А.Ј. од тетовска Мала Речица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против А.Ј. ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера (10 март) од 13 до 19 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во рамките на која вкупно биле изречени 147 мерки (ТЕ-116 и ГВ-31). Во акцијата биле откриени и санкционирани 100 возила, односно возачи (ТЕ-69 и ГВ-31) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место. Шест од нив пречекориле за над 70 километри на час (ТЕ-5 и ГВ-1), а 29 возачи (ТЕ-22 и ГВ-7) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Покрај ова, санкционирани се и 47 возачи (ТЕ) кои возеле пребрзо во населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби од 45 до 400 евра, а оние кои најмногу пречекориле ќе се соочат и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година. Во акциската контрола санкционирани се и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-1).

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и да не брзаат непотребно. Зашто, пребрзото возење и годинава е најчестата причина за случените сообраќајни несреќи досега.

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...