Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од претседателот Доналд Трамп вчера не го поддржа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред парламентарните избори, што ќе се одржат на 27 октомври.
– Не сум против негова поддршка, не сум за негова поддршка, – не се мешам во израелските избори. Ги поддржувам американските кандидати, а она на што сум фокусиран се среднорочните избори за Конгресот, истакна Венс зборувајќи за претстојните избори на 3 ноември, на кои се избираат дел од претставниците во двата дома на парламентот.
Трамп пред два дена му ја даде на Нетанјаху својата „целосна и комплетна поддршка“ за парламентарните избори на 27 октомври. Израелскиот премиер му се заблагодари за неговата „огромна“ поддршка пред она што се очекува да бидат тесни избори.
Воздржаноста на потпретседателот е во спротивност со неговите претходни ставови за изборите во други земји. Тој силно го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори во април. Во Германија, Ванс имаше средба и со лидерката на Алтернатива за Германија (АфД) Алис Вајдел.
MИА
Преземено од: Линк













