Тошковски: Скандалозна и спротивна на законите е одлуката на Владата за поништување на петте наредби

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски смета дека вчерашната одлука на Владата со која се поништени пет наредби донесени од, како што вели, моја страна е скандалозна и спротивна на законите.

„Една од петте поништени наредби се однесува на работник во Министерството за внатрешни работи кој се упатува да извршува работни задачи во управните служби во Ново Село каде се соочуваме со кадровски дефицит во делот на издавањето на лични документи, а со ваквата одлука на Владата практично се доведува во прашање функционирањето на оваа организациска единица, односно издавањето на лични документи на граѓаните на оваа Општина“, напиша Тошковски на Фејсбук.

Останатите четири наредби, како што наведува, се однесуваат на советници од неговиот кабинет со кои им се даваат конкретни насоки за постапување.

„Со нивното поништување исто така се влијае на работата на Министерството на највисоко ниво, кое во претстојниот период треба да биде гарант за спроведување на мирен и демократски изборен процес“, стои во објавата на Фејсбук.

Владата на вчерашната 10. седница, како второстепен орган, прогласила за ништовни пет наредби за кадровски прераспоредувања и распоредувања во подрачни сектори на МВР и во Бирото за јавна безбедност донесени од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, бидејќи биле со едностран потпис.

Службата за односи со јавноста на Владата соопшти дека актите се прогласени за ништовни по укажување на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, дека со едностран потпис, само од страна на министерот за внатрешни работи Тошковски, се донесени пет наредби за кадровски прераспоредувања.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи