(Видео) Ветеранот Муслера ја замолкна „Маракана“ – Естудијантес ќе се бори за трофејот во Копа Либертадорес

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Естудијантес и Палмеирас ќе играат во финалето на Копа Либертадорес за оваа сезона.

Аргентинскиот тим го елиминираше Фламенго, актуелниот владетел на Јужна Америка, по подобро изведување на пенали.

Двата натпревари завршија 0:0, а херој на победата на тимот од Ла Плата е 40-годишниот голман Фернандо Муслера.

Уругваецот ги одбрани ударите на Жоржињо, Пакета и Енрике во пенал рулетот и го водеше својот тим до триумф од 3:2 и пласман во натпреварот за титулата.

Ден претходно, Палмеирас го елиминираше Флуминенсе во бразилското полуфинале, иако загуби со 1:0 во вториот натпревар. Тимот од Сао Паоло го доби првиот натпревар со 3:0.

Естудијантес последен пат беше континентален шампион во 2009 година, а Палмеирас во 2011 година. Последните седум трофеи ги освоија тимови од Бразил.





Преземено од: TopSport

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи

Интерконтинеталниот куп во Доха, ПСЖ го чека противникот

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека финалето на...

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова...

Јамал изнајмил авион и се подготвува за прославата на „Златната топка“

Пред доделувањето на наградата „Златна топка“ во понеделник,...