Велковски: Добив сознанија за 2252 незаконски исплати на средства за социјална помош и пензија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски денеска информираше дека добил сознанија за злоупотреби на системот за социјална заштита со кои, според првичните информации, на 2252 лица незаконски им биле исплаќани средства за социјална помош како и за социјална пензија иако не ги исполнувале условите. 

– Во Министерството за труд и социјална политика сум веќе 50 дена и за овој краток период добив сознанија кои ни малку не се пријатни, а уште помалку влегуваат во рамката на законско постапување и совесно вршење на работните задачи и обврските. Досега ни се познати 2.252 исплаќања на сметките на корисници кои по сила на законот не треба да ја примаат истата. Имаме првични сознанија дека забележана е и ретроактивна исплата на средства за повеќе месеци наназад, што отвори голем сомнеж за извршени злоупотреби во институциите под надлежност на Министерството за труд и социјална политика, рече Велковски на прес-конференција.

Според сознанијата, како што рече тој, манипулацијата е системска а во неа најверојатно биле вклучени повеќе лица.

Претпоставувам дека ова уште еднаш покажува дека системот на социјална заштита бил злоупотребен за одредени цели и интереси. Како што најавив веќе, инспекциските служби на Министерството веќе постапуваат. По добивање на извештаите од инспекцијата, каде што ќе бидат констатирани состојбите кои ги истакнавме и претходно, ќе се обратиме до сите надлежни институции за лоцирање на одговорноста како и преземање на сите потребни мерки за ваквата настаната ситуација, изјави Велковски.

Тоа се, подвлече, сите информации кои во моментов може да ги сподели за да не се наштети на понатамошната постапка.

Техничкиот министер ја претстави, како што рече, состојбата на евидентирани прекршувања досега по општини, а најголем број се во Куманово – 235, Прилеп 22, Битола 166, Гостивар 164, Кисела Вода 155, Чаир 151, Тетово 150, Шуто Оризари 121, Велес 98, Гази Баба 79, Струмица 70, Штип 59, .

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи